Нејмар дал зелено светло, Барса и ПСЖ ќе влезат во нова војна?!

by
1 минути читање

Филипе Кутињо не
ги оправдува очекувањата по рекордниот трансфер на Камп Ноу вреден 160 милиони
евра и се почесто се говори за негово заминување веќе летово. Бразилецот се
поврзува со враќање во Премиерлигата, и се посочува како една од опциите на
Челси за замена на Еден Азар.

Но последните
информации велат дека и ПСЖ би можел да замеша прсти. Според Л’Екип, Нејмар
веќе дал зелено светло за неговиот сонародник и добар пријател да се пресели на
Паркот на Принцовите.

Исто така,
агентот на Филипе Кутињо, Киа Јорабчиан има многу добри односи со лидерите на „светците“.

Сепак, останува
да се види дали Барса ќе сака да преговара со ПСЖ и под кои услови би го продала
плејмејкерот на шампионот на Франција. Двата клуба се во војна откако Нејмар во
2017 замине од Камп Ноу и се пресели во Париз за рекордни 222 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани