Во пресрет на реваншот со Ајакс, Маурисио Покетино на медиумите им откри дека може да стави крај на престојот во Северен Лондон доколку на „спарси“ им ја донесе титулата од најелитното европско натпреварување.
Откако синоќа со чудесен пресврт и победа од 2-3 во 95. минуата од мечот Тотнем обезбеди финале во Лигата на шампионите, Жозе Мурињо испрати порака до Аргентинецот и го советуваше да не го напушти клубот.
„Веројатно има слично чувство какво што имав јас со Порто, кога на неочекуван начин ќе направите нешто неверојатно кое е речиси невозможно да го повторите“ – вели „специјалниот“.
„Кога сте во дел од кариерата каде имате желба да пробате нешто друго, можеби вели дека ако стане шампион на Европа со „спарси“, ќе оди дома и ќе чека поразличен проект“.
„Би му кажал да не го прави тоа, бидејќи ова е една од работите за кои жалам, тоа што никогаш не играв на Светското клупско првенство бидејќи си заминав од Порто и Интер кога мислев дека работата е заврешна“.
„Но секогаш може да се направи нешто повеќе, има многу други работи да за кои може да се игра, да се остане со групата на играчи кои ги сакате, групата која ве обожава, клубот каде ви се дадени најдобрите услови за работа и најдобрата можна поддршка. Мислам дека не морам да замине доколку ја освои Лигата на шампионите“.