Медиумите од Италија се убедени дека Алегри заминува од Јувентус но се поделени околу неговиот наследник!

by
1 минути читање

Речиси сите весници од Италија доцна вечерва пренесоа дека Макс Алегри заминува од Јувентус и покрај тоа што има уште една година од договорот. Првиот човек на клубот, Андреа Ањели на средба со најблиските соработници, потпретседателот Павел Недвед и спортскиот директор Фабио Паратичи одлучиле да се разделат со тренерот.

Вестите можат да бидат потврдени веќе утре и се говори дека Макс Алегри може да го превзеде кормилото на ПСЖ или пак Барселона, а како опција се споменува и тој да паузира една година.

Но медиумите не се едногласни околу неговиот наследник. Дел велат дека тоа ќе биде Антонио Конте, но дел пак пишуваат дека Италијанецот е блиску до Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани