Уште тоа фали да направи, Бакајоко летоска ќе го замени Милан со Интер?!

by
2 минути читање

Бакајоко има
одлична сезона на Сан Сиро и до пред еден месец се чинеше дека Милан ќе одвои
35 милиони евра за во целост да го откупи играчот од Челси.

Сепак, следуваа
неколку инциденти поради кои се појасно е дека „росонерите“ нема да ја
искористат оваа опција.

Французинот направи инцидент по дуелот со Лацио кога парадираше со дресот на
Ачерби, за потоа да задоцни еден час на тренинг и поради него сите играчи да
бидат казнети со карантин во траење од пет дена.

Чашата ја прели
последниот конфликт кога на дуелот со Болоња одби да влезе во игра и имаше
расправија со Џенаро Гатузо на кого му порача „од*би“ човеку.

Како ова да беше
малку за да ги изритира фановите, па сега се говори за негов шокантен трансфер
во Интер. Спортмедиасет оваа шпекулација ја базира на добриот однос помеѓу
директорот на „нероаѕурите“, Бепе Марота и агентот Федерико Пасторело, кој се
грижи за интересите на Тимуе Бакајоко во Италија.

Извештајот вели
дека Французинот се чувствува добро во Милано, па со оглед на тоа дека нема
иднина во Челси, нема ништо против „црвено-црниот“ дрес на Милан летоска да го
заемни со „црно-синиот“ на лутиот градски ривал Интер.

Тој на Џузепе
Меаца би требало да пристигне со истата формула, позајмица на 12 месеци вредна
помеѓу 5-6 милиони евра, и опција за перманентен трансфер вредна помеѓу 30-32
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани