72
ФИФА ја одби жалбата на Челси, тие нема да можат да регистрираат нови фудбалери до летото 2020 година.
Но Челси смета дека не е виновен и правдата ќе ја бара од Судот за Спортска Арбитража во Лозана.
„Денеска Челси ја доби одлуката на на комитетот за жалби на ФИФА. Клубот е многу разочаран бидејќи казната за забрана на трансфери во два преодни рока не е укината. Челси категорично ги отфрла тврдењата на Комитетот за жалби на ФИФА и одлуката ќе ја обжали на Судот за Спортска Арбитража“, стои во соопштението на Челси.
Челси како ново засилување ќе го има само Кристијан Пулишиќ кој е регистриран уште во јануари, но остана на позајмица во Борусија Дортмунд.