„Црвените“ синоќа
требаше да надополнат негатива од 3-0 против Барса и тоа да го сторат без
двајца клучни играчи како Мохамед Салах и Роберто Фирмино. За многумина ова
изгледаше како невозможна мисија, но Енфилд беше сведок на магична ноќ и
фудбалско чудо откако „црвените“ славеа со 4-0.
Жозе Мурињо
синоќа рече дека за овој голем камбек главен виновник е Јирген Клоп, а Дејан Ловрен
сега откри каков говор одржал Германецот и како ги инспирирал да направат чудо.
„Морам да му честитам на Клоп“ – вели Хрватот. „Пред натпреварот ни одржа
неверојатен говор. Беше брилијантен и не вивна во облаци“.
„Ни кажа,
„Верувајте. Ставете си во глава дека можеме да направиме камбек“. Никогаш
претходно не сум слушнале нешто слично од него“.
„Рече, „Момци,
верувајте. Еден или два гола, дури и да не погодите во првите 15 или 20
минути, верувајте дека можете да погодите во 65-та, 66-та или 67-та минута. Потоа
со Енфилд зад нас, верувајте ми момци, можеме да успееме. Успеавме против
Дортмунд и можеме да успееме вечерва. Едноставно покажете дека мате еб*ни
мад*ња на теренот“. И навистина успеавме“.