Лудило на Енфилд, Ливерпул го направи тоа што се чинеше дека е невозможно, ја елиминира Барселона иако првиот натпревар го загуби со 3-0. Тимот на Клоп победи со фантастични 4-0 и втора година по ред ќе игра во финалето од Лигата на шампионите.
Натпреварот беше отворен уште во седмата минута кога Ориги еден отпадок го претвори во гол за водство на Ливерпул од 1-0 и најава за супер меч.
Шанси се редеа и на двете страни, но во првото немаше друг погодок, возбудувањата беа одложени за вториот дел, а во него чуда се случуваа.
На полувремето на место на повредениот Робертсон во игра влезе Вајналдум, и токму тој беше главен херој на Ливерпул на овој натпревар.
Вајналдум погоди во 54 и 56 минута за водство на Ливерпул од 3-0 и изедначување на вкупниот резултат.
Во 79. минута се случи несфатлива грешка на Барселона, Ливерпул изведе брз корнер, Александер Арнолд го пронајде Ориги додека гостинската одбрана беше отсутна, напаѓачот даде втор гол за сензационална победа од 4-0.
Голема, огромна победа на Ливерпул за пласман во финалето од Лигата на шампионите во Мадрид, а таму ќе го чека победникот од утрешниот дуел меѓу Ајакс и Тотнем, Холанѓаните имаат предност од 1-0.