Гвардиола со обвинување до медиумите: Сакате Ливерпул да биде шампион, но…

by
1 минути читање

Шефот на стручниот
штаб на англискиот првак, Пеп Гвардиола е на добар пат да ја одбрани титула во
Премиерлигата со Манчестер Сити 
сезонава, но, тој смета дека неговиот најголем ривал Ливерпул има
поддршка од медиумите во трката за титулата во најсилниот фудбалски шампионат
на Островот.

Благодарение на
мајсторијата на Компани, Граѓаните се вратија на врвот по минималната победа
над Лестер синоќа пред своја публика, во последното коло ќе ги одмерат силите
со Брајтон, а победа на тој натпревар ќе значи и нова титула, а по синоќешната
победа од големо значење, Гвардиола се отвори во однос на според него,
поддршката која Ливерпул ја има од медиумите.

Моето чувство
овде е дека медиумите силно посакуваат Ливерпул да биде шампион, но, 195 бода
во две сезони е нешто уникатно, бевме седум бода зад Ливерпул, можевме да имаме
и минус десет, но, никогаш не се откажавме и добивме 13 меча во серија
“ рече
Гвардиола кој денеска ја доби наградата за најдобар тренер во месец април во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани