Веќе стана пракса
навивачите да ги оставаат без сон фудбалерите од противничките екипи на
големите натпревари, таков беше и случајот синоќа, откако фанови на Ливерпул се
погрижија Лионел Меси и останатите ѕвезди на Барселона да немаат мирен сон во
својот хотел.
Вечерва се игра
реванш пресметката помеѓу Ливерпул и Барселона во полуфиналето од Лигата на
шампионите, Каталонците претходно славеа со убедливи 3-0, а на Енфилд сигурно
домаќинот ќе тргне уште од првата минута кон голот на Тер Штеген.
Еве како фановите
на Ливерпул се погрижија да ги остават без мирен сон фудбалерите на Барса
синоќа, а еден од нив се слуша како извикува „Повик за будење за господинот
Меси“…
data-lang="en">Yersss lads pic.twitter.com/fYdfWq4wJe
—
The Shankly Gates (@madeinliverpool) May
7, 2019