82
Шпанецот е обврзан со „ѓаволите“ до 2020 и преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место. Се шпекулира дека Давид Де Хеа на маса има предлог вреден 350.000 фунти неделно, но тој сака повеќе, односно да биде изедначен со Алексис Санчез, кој со сите бонуси и премии има плата од 500.000 фунти неделно.
Спред пишувањата на „Сан“, Манчестер јунајтед сака што поскоро да има јасна ситуација за иднината на Давид де Хеа, па голманот добил ултиматум.
Тој до крајот на следната недела треба да одлучи дали ќе стави потпис на нов договор или ќе замине од „Олд Трафорд“.