180
Легендарниот голман можби го одигра последниот натпревар откако во средата претрпе срцев удар на тренингот на Порто. Неговата ситуација е стабилна благодарејќи на брзата интервенција на докторите и тој наскоро ќе ја напушти болницата, но специјалистите и кардиолозите не гледаат како тој ќе може да му се врати на фудбалот.
Вечерва Порто го пречека Авеш, па цел стадион грмеше со поддршка за Икер. Најпрво фудбалерите излегоа на терен со транспарент на кој пишуваше „Форса Касиљас“, потоа ваква порака се појави и на огромен транспарент на една од трибините.