Французинот силно
се поврзува со трансфер на Сантијаго Бернабеу и се посочува како едно од
засилувањата кои ги побарал Зинедин Зидан за реконструкција на Реал.
Според пишувањата
на „Дејли Мејл“, репрезентативецот
на „триколорите веќе ги известил пријателите дека нема намера да
остана на Олд Трафорд и сака летоска да се пресели во Мадрид. Пол Погба смета дека клубот воопшто не преднал откако тој се врати во
2016 и тоа е една од причините за заминување.
Весникот додава
дека „ѓаволите“ немаат намера да го продадат играчот, Ед Вудворд сака да го
задржи Пол Погба поради неговата огромна комерцијална вредност.
Сепак, никој не
сака да држи фудбалер кој не е среќен, па доколку Манчестер јунајтед е принуден
да го продаде Французинот, ќе го стори тоа само за понуди од 160 или повеќе
милиони фунти.