78
Лука Јовиќ ќе стане најскапиот фудбалер на балканот. АС објави дека Реал Мадрид го обезбедил потписот на напаѓачот на Ајнтрахт за 60 милиони евра.
Од оваа сума, 48 милиони евра ќе добие клубот од Франкфурт, а останатите 12 милиони ќе завршат на сметката на Бенфика, бидејќи на „Орлите“ од Лисабон им следуваат 20% од следниот трансфер на талентираниот Србин.
АС објаснува дека „кралевите“ ги забрзале преговорите во изминативе денови бидејќи неколку други клубови сакале да им ги поматат сметките (ПСЖ е последниот кој се приклучил во трката) со што паднал конечен договор.
Лука Јовиќ ќе се обврзе кон Реал Мадрид во следните шест сезони и ќе биде поддршка за Карим Бензема во форот.