560
Официјалнотот соопштение на Палермо гласи: „Даниела Де Анџели и Спортинг Нетворк СРЛ можат да соопштат дека трансферот на сопствеништвото е формализиран од денеска тие се единствениот акционер на Палермо“.
„Прес конференцијата на која ќе бидат презентирани новите сопственици ќе се одржи во среда на 8. мај. Тогаш ќе бидат соопштени и сите појаснувања со транскцијата на сопствеништвото“.
Нов претседател на Палермо ќе биде Алесандро Албанезе, а Фабрицио Лучези ќе ја има улогата на извршен директор.
Ова значи крај на 17 годишното сопствеништво на Маурицио Зампарини.
Палермо кој во своите редови ги има и македонските репрезентативци Несторовски и Трајковски се бори за враќање во Серија А.