Поради лошите перформанси на Милан оваа сезона, сопственикот Елиот и извршниот директор Иван Газидис планираат реорганизација во клубот.
Италијанскиот весник тврди дека Леонардо ќе биде сменет од функцијата и на негово место ќе биде донесен нов спортски директор.
Фаворит е Лукас Кампос од Лион. Кампос веќе се поврзуваше со Рома, но тие се блиску до ангажман на Џанлука Петраки од Торино.
Лион не сакаат да го пуштат Кампос, но под притисок од Елиот ќе го сторат тоа. Американскиот инвеститор го спаси Лион од банкрот со инвестиција од 117 милиони евра, па се чини дека нема да имаат големи проблеми да го убедат претседателот Жан Мишел Ола да го пушти Кампос во Милан.
Негова задача ќе биде да го создаде тим кој ќе бележи подобри резултати од актуелните, а најпрво треба да најде наследник на Џенаро Гатузо.