„Топчиите“
обезбедија убава предност пред реваншот на Местаља откако вечерва пред своите
фанови со 3-1 ја совладаа Валенсија.
Гостите одлично го отворија мечот и поведоа со голот на Диакаби во 11. минута.
Сепак Арсенал брзо се врати. Обамејанг изби сам по еден брз напад и несебично
му подаде на Лаказет за изедначување.
Французинот во
26. минута по втор пат се запиша во листата на стрелци и со глава го матираше
Нето за 2-1.
Лаказет потоа
пропушти неколку убави шанси за хет-трик и зголемување на предноста, но
Обамејанг на почетокот од судиското надополнување реализираше и постигна гол
кој може да биде клучен.
Во Франкфурт,
Ајнтрахт и Челси одиграа 1-1. Домаќините поведоа со голот на Јовиќ, но гостите
пред крајот на првиот дел се изборија за реми преку Педро.