Лигата на шампионите праша кој е МВП на колото, а Барса веднаш и порача: Сериозни ли сте? (ФОТО)

by
1 минути читање

По крајот на
секое коло или секоја рунда од Лигата на Шампионите, Твитер профилот на
најелитното европско натпреварување има анкета и бара од фановите да го дадат
својот глас за најкорисен играч на колото.

За првите мечеви
од полуфиналето, УЕФА како опција за МВП ги понди Дони ван де Бек и Френки де Јонг од
Ајакс, како и Лео Меси и Луис Суарез од Барселона.

Но според
„каталонците“ воопшто не треба да има избор и признанието треба да го добие Лео
Меси, кој синоќа постигна два гола, а особено спектакуларен беше оној вториот
кога перфектно биеше од слободен удар.

Па од Твитер
профилот на Барса се огласија и како одговор на анеката, напиша: „ЛШ, сериозни ли
сте?

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани