Синоќешниот ден
не беше добар за Артур, фудбалерот од средниот ред целиот натпревар против
Ливерпул го преседе на клупата за резерви. За работите да бидат полоши, ниту
радоста од големата победа од 3-0 не траеле долго, тој дознал дека бил ограбен.
Како што
пренесуваат медиумите, две маскирани лица со мачета и штрафцигер влегле во
домот на Бразилецот, а за малку ќе настрадал и братот на Артур.
Мундо Депортиво
вели дека братот на Артур не бил дома кога крадците обиле еден прозор и влегле
во куќата, но ги начекал кога се вратил од Камп Ноу, кадe го гледал
спектаклот помеѓу Барселона и Ливерпул.
Кога крадците го
забележале, му се заканиле дека ќе го убијат доколку не им каже каде се парите
и вредните предмети. Двете лица си
заминале од домот на Артур со накит и еден часовник Ролекс. Полицијата работи
на расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите.