Агентот на Касиљас објасни што се случувало денеска и порача: Имаше среќа што беше на тренинг а не дома

by
2 минути читање

Попладнево од
Португалија пристигна лоша вест, Икер Касиљас бил пренесен во болница откако
претрпел срцев удар на тренингот на Порто. За среќа голманот не е во животна
опасност благодарејќи на брзата реакција и интервенција на докторите.

Неговиот агент во
емисијата „Ел Партидазо“ објасни што се случувало и порача дека ова е
најголемата победа во животот на Икер Касиљас.

„На средината од денешниот тренинг, Икер почнал да се жали дека нешто не е во
ред, имал голема болка во градите, устата и рацете, не бил свесен дека
доживува срцев удар“
– вели Карло Кутропија.

„Имал голема
среќа што сето ова се случувало пред очите на докторите на Порто, кои веднаш
реагирале и го однеле во болница. Да му се случело дома, последиците ќе беа
незамисливиме“.

Експерт по
кардиологија од Шпанија истакна дека кариерата на голманот е веќе завршена, но
агентот ја остава вратата отворена за враќање на Икер Касиљас на терените.

„Попладнево тој
веќе беше оној стартиот, правеше шеги, беше весел, сакаше уште сега да ја напушти болницата. Икер е голем борец, па зошто
да не му се врати на фудбалот? Но тоа не е приоритет во моментов, најважно е да биде здрав“.

„Ова е поважно од
триумф на Светското првенство, ова е најголемата победа во неговиот живот.
Денеска Икер ја имаше одбраната на неговиот живот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани