Рекордното
засилување на Барселона често е мета поради слабите партии кои ги прикажува а
ситуацијаа дополнително се закомпликува откако имаше гест при прославата на
голот против Манчестер јунајтед.
Па и вечерва доби
свирежи кога го напушти теренот во второто полувреме. Ова не му се допадна на
Лео Меси, кој при прославата на вториот гол апелираше наместо свирежи да се
дава аплауз. Истата оваа замерка Аргентинецот ја имаше и во интервјуто по
крајот на натпреварот.
„Ова е
одлучувачки период од сезоната, па треба да бидеме обединети повеќе од било
кога. Ова не е момент кога треба да се критикува, мораме да си даваме поддршка
и сите да бидеме обединети во финалињата кои ни преостануваат. Ружно е кога мој
соиграч го третираат на таков начин кога го напушта теренот“ – вели Лео Меси.
За победата од
3-0 со која Барселона направи значаен чекор кон финале во Лигата на шампионите,
тој додава: „Дембеле во финишот имаше чеиста шанса, и 4-0 е подобро од 3-0, но
резултатот е добар иако знаеме дека не е конечен. На Енфилд ќе биде многу
тешко, но среќни сме со одличниот натпревар кој го одигравме“.
„Наседнавме на
играта која ја наметнаа, со голем ритам и многу контакт, не сме навикнати
топката да не биде во наши нозе и тоа малку не чинеше. Во второто полувреме не
притиснаа имаа неколку шанси, јасно беше дека сакаа да го постигнат тој гол во
гости што значи многу. Сепак не постигнаа погодок и тоа е многу важно“.
За мајсторијата
од слободен удар, Меси вели: „Испадна спектакуларен гол. Се обидов да погодам и
за среќа заврши во аголот“.