Касиљас се огласи на социјалните мрежи и испрати порака од болничкиот кревет (ФОТО)

by
1 минути читање

Попладнево
пристигна информација дека легендарниот Икер Касиљас на денешниот тренинг
доживеал срцев удар и веднаш бил пренесен во болница. Животот на
голманот не е во опасност, и тој е во стабилна состојба по интервенцијата на
лекарите.

Поддршка
пристигнува од сите страни, а според АС и Марка, Шпанецот веќе им пишал на
своите најблиски пријатели. „Смирен сум и се
чувствувам добро“
– бил неговиот одговорот на пораките кои ги добил на
својот мобилен.

Сега на
социјалните мрежи се огласи и самиот Икер Касиљас, кој се заблагодари на сите за
пораките со поддршка и љубов.

„Се е под контола
овде, денес се исплашив многу, но силен сум како и секогаш. Ви благодарам на сите
за пораките со поддршка и љубов“
– гласеше пораката на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани