Според фудбалерот
на Атлетико Мадрид, Коке, Барселона е прв фаворит за освојување на европската
титула оваа сезона, а 27 годишниот шпански репрезентативец смета дека
Каталонците во моментов играат најубав фудбал.
Вечерва Барселона
на домашен терен го пречекува Ливерпул во првата пресметка помеѓу овие две
екипи во полуфиналето од Лигата на шампионите, а за Коке веројатно нема дилеми
околу тоа кој ќе биде патникот во големото финале, па и освојувачот на
титулата.
„Според мене, само
Барселона игра добар фудбал“ рече Коке во изјавата за РНЕ.
„Тие се фаворити
за освојување на Лигата на шампионите, доколку Меси игра на нивото на кое што
знае и умее, тогаш не може тоа никој да го промени“ заклучи Коке.
Фудбалерот на
Јорганџиите притоа ја опиша првата ѕвезда на Каталонците како фудбалер кој во
модерниот фудбал нема конкуренција, односно нема никој како него.