358
Голманот на Порто
како и бивш долгогодишен член на Реал Мадрид, Икер Касиљас е во стабилна
ситуација откако доживеал срцев удар.
Според
информациите кои ги објави португалскиот прес, се вели дека Шпанецот колабирал
за време на утринскиот тренинг со Порто и веднаш бил однесен во
болница.
Врз 37 годишниот
голман веднаш била извршена операција, а неговиот статус во моментов се вели
дека е вон животна опасност.
Се поставува
прашањето дали Касиљас ќе биде во можност да продолжи со својата кариера, а на социјалните мрежи бележиме пораки со поддршка за Шпанецот од сите страни на светот, како и од навивачи на сите клубови.