Ангело Алесио,
долгогодишниот асистент на Антонио Конте открива дека италијанскиот фудбалски
стратег е заинтригиран од проектот на Рома, дури и тој клуб да не обезбеди
место во Лигата на шампионите за идната сезона.
Извесно е дека
Рома е на пол позиција за потписот на Конте, а тој наводно никако не ја отфрла
таа можност да седне на клупата на Римската волчица.
„Тој е тренер кој
секој клуб би посакал да го има на клупата“ вели Алесио во изјавата за Кориере
дело Спорт, инаку доста близок соработник на Конте.
„Антонио секогаш
велеше ‘ќе одам онаму каде
што ќе има добар проект, за подолг рок и со гаранции’“ посочи Алесио.
„Тој посакува
проект кој ќе го однесе на победничките патеки, а не само да остане на страна
од тие збиднувања, Рома има проект за нов стадион, многу проекти на кои сакаат
да се посветат, како и млад тим, зошто да не?“ запраша тој.
„Антонио е
заинтигриран од проектот на Рома, дури и таа екипа да не се квалификува за
Лигата на шампионите, тоа ништо не би променило“ заклучи Алесио.