Марка: Реал Мадрид и Герет Бејл во ‘Студена војна’

by
1 минути читање

Герет Бејл е
влезен во
Студена војна со Реал Мадрид, а Велшанецот не зборува
за својата иднина со никого, пишува Марка на темата која за многумина сигурно е
енигма во таборот на шпанскиот гигант.

Зинедин Зидан во
изјава за медиумите по поразот кај Рајо Ваљекано изминатиот викенд издвои дека
не е сигурен за тоа колку Велшанецот е фокусиран на клупските обврски по новото
бледо издание од него.

Како и да е,
агентот на Бејл, Џонатан Барнет уверуваше дека неговиот клиент 100% е посветен
на Реал Мадрид, а во поглед на тоа прашање ништо не е променето.

29 годишниот
офанзивец имаше посебен третман од последниот меч на Кралевите во Примера,
откако беше единствениот кој не си замина со клупскиот автобус, туку директно
со автомобил отиде на аеродром откако доби дозвола од Зидан за такво нешто, а
францускиот стратег најави дека фудбалерите ќе добијат два дена одмор.

Се шпекулира дека
за Бејл нема место во тимот на Кралевите за идната сезона, дотолку што Реал
Мадрид дури посакува и да го испрати на позајмица на ист начин како Хамес
Родригез, фудбалер за чии услуги Баерн Минхен не сака да издвои 35 милиони евра
за целосно да го откупи договорот на Колумбиецот, кој по двегодишната позајмица
летово извесно е дека ќе се врати во шпанската престолнина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани