Ливерпул со порака за своите навивачи кои го срамат клубот во Барселона

by
1 минути читање

На интернет се појавија снимки од навивачи на Ливерпул како фрлаат локални жители и туристи во фонтана. А англиските медиуми пишуваат дека има и уапсени поради навреди кон хотелски персонал.

Ваквото однесување на навивачите на Ливерпул е срам за клубот и за Англија. Па со порака преку социјалните мрежи се јави извршниот директор Питер Мур кој побара од фановите да се однесуваат цивилизирано.

„Ние со гордост пееме дека сме ја покориле цела Европа. Но ајде да го третираме овој прекрасен град со почитта која ја заслужува и да се однесуваме со манири кои се соодветни за Ливерпул. Поминувајте си убаво, но ние сме Ливерпул и да се однесуваме цивилизирано и со почит“, напиша Питер Мур на својот твитер профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани