Рафаел Бенитез шест години го предводеше Ливерпул, му ја донесе титулата во Лигата на шампионите и стана миленик на навивачите.
Многумина од фановите на Ливерпул се надеваат дека лесно ќе поминат кај Њукасл поради Бенитез.
Но поранешниот шкотски напаѓач и сегашен аналитичар на Беин Спортс, Енди Греј мисли спротивно, Бенитез максимално ќе влезе во овој дуел бидејќи не сака Ливерпул да ја освои титулата во Премиерлигата само затоа што тој не ја освои кога беше на Енфилд.
Манчестер Сити игра дома со Лестер и во гости со Брајтон, а Ливерпул оди кај Њукасл, па го пречекува Волвс.
„Манчестер Сити е уверен дека ќе ги победи Лестер и Брајтон. Можеби малку ќе треба да се помачат со Брајтон бидејќи во последното коло можно е и на нив да им требаат бодови, но не би ги променил овие два меча со оние кои ги има Ливерпул“, вели Енди Греј.
„Тие одат кај Њукасл кој игра добро во моментов и го има Рафа Бенитез. Не мислам дека тој сака Ливерпул да ја освои титулата од причина што тој не ја освои со нив. Па ќе сака да победи на овој меч“.
„Со Волвс никогаш не се знае, овој нивни тим игра без страв, среќни се каде што се и сакаат да завршат со стил. Лесно може да се случи да изненадат и на Енфилд. Не би ги менувал мечевите на Сите со овие на Ливерпул“.