Марота потврди кој ќе биде тренер на Интер следната сезона

by
0 минути читање

Бепе Марота потврди дека Лучијано Спалети ќе биде тренер на Интер и следната сезона, тие се задоволни од него.

„Дали веќе го одбрав тренерот за следната сезона? Тоа е Спалети, тој има договор со нас, а ние сме задоволни од него“, изјави Марота.

Спалети во Интер е од 2017 година и има договор до 2021.

Во изминатиот период се шпекулираше со имињата на Конте и Мурињо како можни тренери на Интер во следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани