185
Младинците на Порто се шампиони на Европа откако денеска беа подобри од Челси во финалниот натпревар кој се одигра во Нион.
Порто поведе во 17. минута со гол на Фереира Виеира, по осум минути игра во вториот дел Редан го изедначи резултатот на 1-1.
Само две минути подоцна Квериос го врати водството на Порто, а конечните 3-1 беа дело на Соуса на 15 минути до крајот.