Мурињо се враќа на Островот, но не во Премиерлигата

by
1 минути читање

Сан пренесе една
доста изненадувачка вест за иднината на Жозе Мурињо кој подолг период е без
ангажман, а Португалскиот фудбалски стратег би можел да се врати на Островот,
но, не во Премиерлигата.

Мурињо се
споменува како еден од главните кандати за клупата на шкотскиот првак Селтик,
откако букмејкерите на Педи Пауер ги намалија коефициентите за таков исход од
66/1 на само 14, а оваа вест наиде на големо изненадување на Островот.

Каде што има чад,
сигурно има и оган, а за позицијата која моментално ја одработува Неил Ленон,
како кандидати се споменуваат уште и Роберто Мартинез, Давид Вагнер, како и
Мартин О
Нил.

Сепак, Мурињо е
последниот од неколкуте кандидати кој влезе на листата за тренерското столче на
тимот од Глазгов кој и идната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани