Откриено какви навреди упатил навивачот за да го испровоцира Нејмар

by
2 минути читање

„Светците“ синоќа останаа без нова титула и покрај тоа што имаа водство од 0-2
по дваесетина минути игра. Рен успеа да се врати и потоа на пенали да го фрли
на колена фаворитот и да се радува на успех во Купот на Франција.

Па фудбалерите на
ПСЖ беа фрустрирани, а Нејмар успеа да се спречка со еден фан на трибините
и дури да го удри.

Медиумите сега
откриваат што го испровоцирало Бразилецот. Има две верзии, но и според двете,
навивачот упатувал навреди кон Буфон, Курзава, Верати и Нејмар.

Според првата
верзија, видео кое го толкува Л’Екип, навивачот го нарекол Буфон „валкан
идиот“
, на Курзава му кажал „не се ракувај со мене“, Верате го нарекол „расист“
а на Нејмар му порачал „оди научи како се игра фудбал“.

Другавата
верзија, според навивач кој бил сведок на целиот инцидент, Буфон бил наречен
„ретардиран“, на Курзава му било речено „не сакам да се поздравиш со мене“,
Верати бил наречен „расист“ додека пак на Нејмар му кажал, „ти си кучкин син,
научи да играш фудбал“
.

Новинарите
успеаја да разговараат со навивачот, кој пак негира дека ги навредувал играчите
на ПСЖ и вели дека само им кажал дека не одиграле ништо и дека не вредат ништо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани