Ајнтрахт во полуфинале со гол од едно метро офсајд, Челси, Арсенал и Валенсија рутински одработија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Познати се
полуфиналистите во Лига Европа, Челси ќе се сретне со Ајнтрахт Франкфурт
а Арсенал ќе игра против Валенсија.

Вечерва во
реваншите, само Ајнтрахт ја надополни негативата и се пласираше помеѓу четирите
најдобри откако со 2-0 ја совлада Бенфика. Домаќините поведоа со голот на
Костиќ, кој беше едно метро во офсајд, ВАР нема во Лига Европа, па погодокот
остана да важи и покрај тоа што гостите жестоко протестираа.

Домаќините до
посакуваниот резултат стигнаа во 67. минута кога Роде погоди од работ на
шеснаесетникот.

Челси дојде до
нова победа над Славија Прага, овој пат на домашен терен славеше со 4-3,
Арсенал со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Наполи, а Валенсија пред своите
фанови со 2-0 го совлада Виљареал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×