128
Оле Гунар Солскјер му даде ливче со насоки како да играат на Рашфорд, а тоа заврши во рацете на голманот на Барса, Тер Штеген.
По негативата од 2-0, помошникот на Солскјер, Кеиран Мекена напиша нешто на ливче и му го даде на Оле.
Норвежанецот откако го виде ливчето, му го даде на Рашфорд. Тој по еден дуел со Пике го остави ливчето на теренот, но тоа не остана долго таму, Марк Тер Штеген го зема, го прочита и го фрли.
Голманот на Барса го дозна планот на Солскјер, а ливчето потоа беше и јавно објавено, се работи за тактичка промена на формацијата од 4-3-3 на 4-4-2.