Роналдо му кажува збогум на Јувентус, можен развод во 2020?!

by
1 минути читање

Елиминацијата од
Ајакс во Лигата на шампионите може да има големи последици врз Јувентус. Акциите
на клубот имаа драстичен пад вчера, а цената продолжи да се намалува и денеска
иако не со толку високо темпо. Медиумите од
Италија исто така пресметаа дека Јувентус останал покус за 13 милиони евра,
како и уште неколку десетици милиони евра во потенцијални приходи.

Според „Ла
Република“ поразот може да влијае и врз иднината на најголемата ѕвезда,
Кристијано Роналдо. Весникот пишува дека ЦР7 е разочаран од случувањата и веќе
размислува за крај на својата авантура во Торино. Разводот нема да
се случи летоска, но големи се шансите тој да каже збогум во 2020.

И „Газета дело
Спорт“ пишува за горчината која ја почуствувал Роналдо по елиминацијата,
манифестирана преку молк. Тој не разговараше со медиумите, а не е активен 
ниту
на социјалните мрежи.

Розевиот весник
исто така додава дека Португалецот побарал од лидерите на клубот да донесат соодветни
засилувања за да се подигне нивото и следната сезона да се направи нов атак на
титулата во Лигата на шампионите.

Кристијано
Роналдо пристигна во Торино минатото лето за рекордни 112 милиони евра и најголемата
зделка во историјата на Калчото. Тој стави потпис на договор со Јувентус до
2022.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×