Челси би можел да
ја намали бараната цена за трансфер на Еден Азар, сево ова доаѓа во екот на
најголемите шпекулации кои го поврзуваат Белгиецот со трансфер во Реал Мадрид.
Диарио АС пишува
дека и покрај суспензијата за трансфери, Премиерлигашот крои планови како да
стигне до потписот на офанзивецот на Лил, Николас Пепе, а меѓу другото
размислува и за тоа како да го реши случајот со Азар.
Очекувањата се
дека Азар веќе ја донел конечната одлука, а истата ќе ја соопшти по крајот на
актуелната сезона, за Белгиецот две опции се отворени, да потпише нов договор
со Челси, или да замине во Реал Мадрид кај неговиот идол Зинедин Зидан,
веројатно втората опција е се’ поизвесно дека ќе се реализира на крајот.
Според
неофицијалните информации, Челси е подготвен да ја намали бараната цена за
својата ѕвезда од 116 милиони евра на 104 милиони евра, а од Мадрид наводно се
надеваат дека ќе постигнат договор за Азар кој би ги чинел 90 милиони евра.
Белгиецот
сезонава постигна 19 погодоци, а реализираше и 12 асистенции, за 28 годишниот
офанзивец веќе на големо се шпекулира и дека бара куќа во шпанската
престолнина.