(ВИДЕО) Ова е аголот за кој Гвардиола велеше дека не му го пуштил на судијата, дали ВАР и Чакир погрешија за голот на Љоренте?

by
1 минути читање

Манчестер Сити и
Тотнем синоќа одиграа луд меч со седум погодока. Мечот почна фуриозно со дури
четири гола за 11 минути, а драмата траеше до последните секунди.

Во 93. минута
Стерлинг погоди за 5-3 и огромно славје на „Етихад“ но само неколку секунди имаше
уште поголемо разочарување откако голот беше поништен поради офсајд на сугестија на ВАР.

20 минути
претходно имаше уште еден спорен момент, но на спротивната страна. Фернандо
Љоренте по еден корнер погоди за 4-3. Играчите на Манчестер Сити бараа играње
со рака, Чакир ја прегледуваше ситауцијата со ВАР и одлучи да покаже
кон центарот.

На крајот овој
гол се покажа како решавачки за пласман на Тотнем во полуфинале, а по елиминацијата, Пеп Гвардиола истакна дека се работело за чисто играње со рака и посочи
дека на судијата му покажале друг агол на мониторот крај теренот.

Тренерот на
Манчестер Сити навистина е во право, од камера зад голот убаво се гелда дека
топката најпрво го погоди Љоренте во лактот, па потоа во ногата и зарши зад
грбот на Едерсон.

Останува да се
види како настана овој превид, УЕФА обично по крајот на натпреварите ги
објаснува одлуките со ВАР, но за овој случај се уште се нема огласено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×