129
Во еден луд натпревар Тотнем го елиминираше Манчестер Сити од Лигата на шампионите. Покетино вели дека поради вакви мечеви се сака фудбалот.
„Начинот на кој заврши мечот беше неверојатен. Премногу сум среќен и горд. Моите фудбалери се херои. Пресреќен сум за нив и за фновите. За момент многу работи ви се случуваат во главата, разочарувањето беше огромно, но ја променија одлуката. Затоа го сакаме фудбалот. Денеска покажавме голем карактер и персоналитет, ова беше неверојатен меч“, вели Покетино.