207
Кевин Де Брајне ќе го почне мечот од почеток, а главен напаѓач е Агуеро кој се жалеше на ситна повреда во последниот меч од Премиерлигата. Пеп Гвардиола со одличен состав ќе се обиде да ја анулира негативата и да дојде до потребната победа.
Тотнем е без Хари Кејн за кој заврши сезоната, но Покетино може да биде барем задоволен што го има Деле Али во составот кој поради повреда на раката беше неизвесен.
