Гулит: Солскјер направи една голема грешка на Камп Ноу

by
1 минути читање

Руд Гулит вели дека Солскјер направил голема грешка на гостувањето кај Барселона, а тоа е дека напаѓал, според Холанѓанецот на Камп Ноу не се победува со напаѓачка игра, таа е рамна на самоубиство.

„Мислам дека Манчестер јунајтед направи тактичка грешка“, вели Гулит.

„Разбирам кога играте дома дека сакате да постигнете голови и да играте офанзивни, а Манчестер јунајтед не го направи тоа во првиот натпревар“.

„На Олд Трафорд играа затворено, не му дадоа на Меси да шутне, а потоа отидоа на Камп Ноу и нападнаа“.

„Не го разбирам тоа бидејќи таму не можете да победите ако играте напаѓачки. Тешко е да се игра така“.

„Можете да ги прашате Ливерпул или Челси кои победија на Камп Ноу, па можете и Атлетико Мадрид кој исто така го има направено тоа. Тие не победуваа со офанзивен фудбал“.

„Не одите таму да играте напаѓачки фудбал, тие го направија тоа и мислам дека тоа беше голема грешка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×