Го погоди момент, по поразот од Барса новинар му даде на Солскјер бастун од Кенија кој треба да му носи среќа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Норвежанецот го
искусува најтешкиот период од неговата авантура на кормилото на „ѓаволите“. Нанижа
неколку порази во Премиерлигата, беше елиминиран од Вулверхемптон во ФА Купот, а синоќа го заврши и настапот во Лигата на шампионите.

Барселона со 3-0
го победи Манчестер јунајтед, па на Оле Гунар Солскјер не му беше лесно на прес
конференцијата. За да биде полошо, еден новинар му даде бастун, подарок од фанови
од Кенија. Секако гестот е убав, но тајмингот е прилично лош бидејќи бастунот
треба да му носи среќа, а стратегот само што доживеа тежок пораз и елиминација.

„Здраво Оле,
неодамна бев во Кенија, таму има многу фанови на Манчестер јунајтед и тие сакаа
да ти го дадам овој подарок“
– почна новинарот. „Се работи за бастун, се
надеваат и мислат дека ќе ти донесе многу среќа“.

„Очигледно не работеше
100% денеска, се надевам во иднина. Дале е во ред да ти го дадам овој бастун?“

Солскјер со
насмевка на лицето му одговори:
„Имаме многу фанови ширум светот, сите ни
мислат и посакуваат само најдобро. Им благодарам“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×