Дојде крајот на серијата, Манчестер јунајтед и Солскјер загубија во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Оле Гунар
Солскјер го искуси само вториот пораз откако седна на кормилото на „ѓаволите“,
прв во Премиерлигата. Вечерва Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај
Арсенал во меч вреден шест бода во трката за топ четири финиш.

„Топчиите“
поведоа во 12. минута кога Џака биеше од далечина а Де Хеа лошо го процени
летот на топката и тргна лево, а топката заврши во неговиот десен долен агол.

Во 69. минута беа
решени дилемите околу победникот, Обамејанг од пенал донесе предност од 2-0.

Со оваа победа,
Арсенал изби на четвртата позиција на табелата, и сега има +2 во однос на
Манчестер јунајтед и -1 во однос на Тотнем, кој до пред десет дена се
споменуваше како фаворит од сенка во трката за титулата заедно со Манчестер Сити и
Ливерпул, но по серијата лоши резултати, до крајот на сезоната ќе се бори за
место во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×