Саутемптон со пресврт за пет минути го победи Тотнем! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По доброто издание во Лигата на шампионите, Тотнем забележа пораз во Премиерлигата на гостувањето кај Саутемптон со 2-1.

Гостите од Лондон добро го почнаа натпреварот, имаа статива и пречка, пред Кејн во 26. минута да постигне гол за водство од 1-0.

Тој резултат траеше се до 76. минута кога Валери ја затресе мрежата за 1-1. А само пет минути подоцна прекрасен гол на Ворд Праус за победа на Саутемптон од 2-1.

Уште поинтересно беше на мечот меѓу Њукасл и Евертон, гостите со головите на Калверт Левин и Ричарлсон водеа со 2-0 по првото полувреме но на крајот го загубија мечот.

Во вториот дел Њукасл направи голем пресврт, главен јунак беше Перез тој постигна два гола имаше и асистенција за погодок на Рондон.

Лестер со 3-1 го совлада Фулам. Варди постигна два гола, Тилеманс погоди еднаш.

Во останатите мечеви Кардиф со 2-0 го победи Вест Хем, Борнмут со истиот резултат славеше на гостувањето кај Хадерсфилд, Кристал Палас со 2-1 на свој терен загуби од Брајтон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×