Поранешниот
спортски директор на Милан, Масимилијано Мирабели, во интервју за Радио Дежај
говореше за ситуацијата во Росонерите, тој уште еднаш посочи дека има апсолутна
поддршка за Џенаро Гатузо на клупата на тимот од Милано, но, освен тоа,
говореше и за ситуацијата со напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.
Мирабели беше дел
од структурите на Нероаѕурите, поточно, управуваше со делот за скаутинг
системот на градскиот ривал на Милан, а по три години, 49 годишниот Мирабели се
пресели на другата страна од Милано, сепак, проговори за периодот кога тренер на
Нероаѕурите беше Манчини, човекот што му ја врачи капитентската лента на аргентинскиот
напаѓач.
„Бев таму кога
Роберто Манчини му ја врачи капитентската лента на Икарди, мислев дека тоа е
паметен потег, тој беше и се уште е голем талент. Секако, да се стане шампион
на теренот, треба да бидете истото и во приватниот живот“ посочи Мирабели.
„Манчини рече
дека Икарди не учествува многу во потезите на клубот, но има голем квалитет во
себе, а тоа имаше поента, мислам дека тој може да биде капитен, како и да е,
мислам и дека е добро момче“ додаде тој и заклучи кој е главниот проблем кој
стои зад Икарди.
„Единствениот
проблем со Икарди е тоа што тој многу зависи од неговата сопруга, Ванда има
многу поинакви правила кои прават тотален хаос“ заклучи поранешниот спортски
директор на Милан вперувајќи го прстот кон Ванда Нара, сопругата и агент на
фудбалерот, како главен проблем поради ситуацијата во која се најде Икарди.