Според информациите кои ги објави АС, се вели дека поранешниот фудбалер на Реал
Мадрид, кој моментално ја обавува функцијата селектор на Камерун, Кларенс
Сидорф, се приклучил на листата на можни кандидати за веднаш да се наследи
Сантијаго Солари на клупата на Кралевите, како привремено решение.
Холанѓанецот беше
во Мадрид оваа седмица и од трибините на Сантијаго Бернабеу го проследи
дебаклот на европскиот првак од Ајакс, кој исто така е негов поранешен клуб, а
имал и вечера со високи челници на клубот од Мадрид, во ресторанот Залакаин во
центарот на шпанската престолнина.
Се верува дека
Сидорф разговарал со првиот човек на Реал Мадрид, како и останати високи
челници на клубот, тие наводно биле заинтересирани за неговата професионална
ситуација, по средбата, Сидорф бил вметнат во листата на кандидати за
привремено решение на клупата на Реал Мадрид до крајот на сезоната.
42 годишниот
Холанѓанец беше дел од редовите на Реал Мадрид четири сезони (1996-2000),
забележа 121 настап во дресот на Кралевите, каде постигна и 15 погодоци.
Проверете го тикетот на БетАдриа за овој викенд.