Спалети: Икарди одбива да тренира

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Интер, Лучијано Спалети потврди дека медицинските тестови кои
биле извршени над напаѓачот на Нероаѕурите, Мауро Икарди, утврдиле дека нема
никаква повреда кај Аргентинецот, но, тој му рекол дека ќе го извести кога ќе
се чувствува подготвен да игра.

Напаѓачот нема
настап за Интер од моментот кога му беше одземена капитентската лента, тогаш
тврдеше дека почувствувал болка во коленото, и покрај тоа што медицинските
тестови кои беа извршени над него покажаа друга слика, односно, дека нема
никаква повреда.

Вистината е дека
го прашавме Мауро дали се чувствува дека може да продолжи со тренинзите
“ рече
Спалети.

Докторот посочи
дека од негов агол овој период за рехабилитација е непотребен, но Мауро
одговори
Не, се уште чувствувам болки, ќе ве известам кога ќе бидам подготвен да
играм
“ додаде италијанскиот
фудбалски стратег.

Јас се помирив
со тоа што ми го рече и се вратив во својот дом, останатото ќе ви го соопшти
директорот на клубот (Бепе Марота)
“ заклучи Спалети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани