Ајакс приреди
голема сензација во вторникот, со 1-4 триумфираше среде Мадрид и го исфрли
актуелниот шампион Реал од најелитното европско натпреварување.
Според пишувањата
на АС, срамната елиминација била причина за расправија помеѓу претседателот
Флорентино Перез и капитенот Серхио Рамос, кој не настапи откако на првиот меч
намерно заработи жолт картон мислејќи дека работата е завршена.
Првиот човек на
Реал се симнал во соблекувалната по крајот на мечот за да им го каже своето
незадоволство на играчите. Ги прекорил за пристапот, и како одминувало времето,
Флорентино Перез го повишувал тонот, обвнувал за недостаток на почит а им
порачал и дека треба да се засрамат.
На ова реагирал
Серхио Рамос, кој вратил и го обвинил Перез и бордот на директори дека се
виновни за катастрофата што им се случила поради лошото планирање.
Кога атмосферата
станала најжешка, капитенот дури му рекол на претседателот: „Искеширај ме и си одам“.
„Дадов се и го
оставив срцето за овој грб, за овој клуб па и за тебе“.