Нејмар сакал да се тепа со судиите, првиот човек на ПСЖ искршил врата, во Париз имало и трето полувреме

by
1 минути читање

Бразилецот беше
разочаран од начинот на кој „светците“ вчера беа елимирна, па својот бес го
искажа на социјалните мрежи каде силно удри по УЕФА и судиите.

Но според Радио
Монте Карло, Нејмар сакал и во лице да им каже на арбитрите што смета за
одлуката да покажат на белата точка во последните мигови од мечот.

Напаѓачот се
упатил кон соблекувалната на судиите за физички да се пресмета, но бил задржан
од членови на персоналот на ПСЖ, кои не дозволиле да настане голем инцидент.

Нејмар не бил
единствениот, и првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи дозволил фрустрациите
да го извадат најлошото од него. Извештајот вели дека претседателот на ПСЖ
својот бес го истурил врз една врата, која ја исркшил, издание кое ретко се
гледа од него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани