Голманот на Борусија Дортмунд: Кејн е ѕвер!

by
1 минути читање

Голманот на
бундеслигашот Борусија Дортмунд не ги криеше импресиите од напаѓачот на
Тотенхем, Хари Кејн, откако Премеирлигашот со две победи над германскиот
противник обезбеди место во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во првата
пресметка Тотенхем пред своја публика славеше со 3-0, и уште од тој меч се
чинеше дека Премиерлигашот е веќе во последните осум од елитното европско
клупско натпреварување, сите дилеми синоќа на реваншот во Германија ги реши
Кејн, кој доби пофалби од Роман Бурки.

Тие имаа една
шанса и ја искористија, ние имавме пет или шест и не успеавме да погодиме. Кејн
е ѕвер, фудбалер кој секоја екипа би посакала да го има во своите редови
“ рече
Швајцарецот по мечот.

Едноставно
знаете дека ќе постигне гол, и така испадна, тоа беше несреќно за нас…

додаде Бурки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани