130
Челси доби забрана од ФИФА за трансфери во следните два преодни рока, но и парична глоба од 600.000 швајцарски франци за нелегални трансфери на фудбалери под 18 години.
Челси поднесе жалба на оваа одлука на ФИФА, а тоа веројатно ќе им ја одложи казната па Сините ќе можат да пазаруваат во летниот преоден рок.
Слично беше и со Барселона и Реал Мадрид, додека траеше жалбата, казната беше замрзната па тие можеа да купуваат играчи.