70
„Спорт Медиасет“ пишува дека агентот на Донарума, Мино Рајола е во одличен однос со директорот на Милан, Леонардо за разлика од претходниот, Масимо Мирабељи со кои беа во лоша релација.
Преговорите се за продолжување на соработката до 2024 година со подобри услови за голманот од сегашните иако и тие според некои се повеќе од добри.
20-годишниот голман во последно време е во одлична форма како и Милан, тој има примено само три гола на последните 11 натпревари а неговиот тим го помина и Интер на табелата, па има реални шанси да обезбеди место во Лигата на шампионите.